Adria>Nagradne igre>Услови за користење за наградната игра

Услови за користење за наградната игра

1. Податоци за организаторот на играта

Организатор на наградната игра со наслов „Adria Airways поврзува!“ (во понатамошниот текст: наградна игра) е претпријатието Adria Airways d.d., Zgornji Brnik 130h, 4210 Brnik – Aerodrom (во понатамошниот текст: организатор). За техничката изведба на наградната игра се грижи претпријатието Innovatif d.o.o., Poljanski nasip 6, 1000 Ljubljana (во натамошниот текст: изведувач).

2. Цел на наградната игра

Целта на наградната игра е промоција на трговската марка на организаторот „Adria Airways“.

3. Траење на наградната игра

Наградната игра почнува на 8.8.2016 година и трае заклучно со 5.10.2016 година до 23.59 часот (според времето на организаторот). Извлекувањето ќе се врши на 6.10.2016 година.

Организаторот го задржува правото да ја продолжи наградната игра и за тоа да ги извести учесниците со известување преку веб-страницата adria.mk.

4. Учесници

Учесници во играта можат да бидат сите физички лица, постари од 18 години, кои со апликацијата на веб-сајтот на трговската марка Adria Airways учествуваат во наградната игра, каде ги пополнуваат сите потребни полиња и го потврдуваат барањето за испраќање разгледница во нивно име.

Во наградната игра учествуваат и примателите на разгледницата (сите физички лица постари од 18 години) кои се согласуваат со учеството во наградната игра и со пријавата за новини на MyAdria.

Учеството во наградната игра е доброволно. Учесникот мора да има важечка адреса за е-пошта.

Во наградната игра не можат да учествуваат лица кои учествуваат во организацијата, маркетингот и изведбата на наградната игра, како и вработените во Adria Airways d.d и вработените во претпријатието Innovatif d.o.o. Правно лице не може да биде учесник во наградната игра.

Купување на каков било производ или авионски билет не е услов за учествување во наградната игра.

5. Правила и услови на наградната игра

Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се запознаени со правилата на наградната игра и дека ги прифаќаат и се согласуваат со нив. Во случај на каков било спор или недоразбирање, овие правила се сметаат за примарни во однос на какви било други објавувања, без оглед дали се во печатена, електронска или каква било друга форма. Автентично толкување на овие правила даваат организаторот и техничкиот изведувач.

6. Начин на учество и тек на наградната игра

Пријава за наградната игра

Наградната игра се изведува на словенечки, албански, црногорски и македонски јазик.

Корисниците се повикуваат да го посетат веб-сајтот на Adria Airways на нивниот јазик. На веб-сајтот корисниците имаат на располагање апликација преку која можат бесплатно да им испратат разгледница на своите пријатели во странство или дома, на територијата на целиот европски континент и Русија.

За да испрати разгледница, корисникот мора да внесе кратка лична порака за пријателот и да ги пополни неговите податоци за испраќање (име, презиме, адреса), како и своите податоци (име, презиме, е-пошта и незадолжително број на мобилниот телефон).

Со пополнувањето на податоците, согласувањето со условите и со потврдување на е-известувањето, корисниците учествуваат во извлекувањето на авионските билети и добиваат промотивен код со вредност од 20 евра за следното купување авионски билети.

Секој корисник може да испрати само една разгледница.

Adria Airways во име на испраќачите ќе отпечати разгледници и во физичка форма ќе ги испрати на наведената домашна адреса на примателите. Освен личната порака, на разгледницата ќе биде наведен и ИД кодот на разгледницата со чија помош примателот ќе може на веб-сајтот на Adria Airways) да го преземе својот промотивен код со вредност од 20 евра за следното купување авионски билети, со што се согласува со учеството во наградната игра за извлекување билети и со пријавата за новости на MyAdria. Незадолжително корисникот може да го даде и бројот на својот мобилен телефон за примање СМС-пораки.

Разгледниците можат да се испраќаат заклучно со 15.9.2016 година до 23.59 часот (според времето на организаторот). Примателите на разгледниците можат да го пријават преземањето на промотивните кодови до 5.10.2016 година до 23.59 часот (според времето на организаторот).

Корисниците можат да учествуваат во наградната игра само еднаш со една важечка адреса за е-пошта.

За сите учесници кои ќе преземат промотивни кодови важат следниве правила и услови за користење на промотивните кодови:

  • Онлајн купување со промотивните кодови може да се врши во периодот од 8.8.2016 година заклучно со 30.11.2016 година.
  • Промотивниот код важи за патувања кои почнуваат од 15.9.2016 година заклучно со 15.12.2016 година
  • Промотивните кодови важат при купувањето на авионски билети за директните летови на Adria Airways.
  • Промотивните кодови не можат да се исплатат во готово.
  • Бројот на промотивните кодови е ограничен. Секој код може да се употреби само еднаш.
  • Доколку вредноста на попустот ја надминува вредноста на превозот, разликата не ја враќаме на корисникот.

7. Награди

Наградниот фонд опфаќа:

  • 5 × 2 бесплатни повратни авионски билети

Резервацијата на авионскиот билет и почетокот на патувањето мора да бидат најдоцна до 1.12.2016 година. Можноста за користење на наградните билети зависи од зафатеноста на конкретниот лет. Наградниот билет важи за повратно патување на редовните линии на Adria Airways (дури и за патувањата преку Љубљана).

Секој учесник може да добие само една награда. Наградата не може да се замени, ниту да се бара нејзина противвредност во пари.

Наградите се оданочуваат според Законот за доход и за добитникот, кој е обврзник за данок на доход, организаторот на наградната игра плаќа аконтација за примената награда. Можните доплати за данокот на доход во согласност со годишното решение за данок на доход се на товар на добитникот. Даночна основа е пазарната цена на вкупната вредност на конкретниот билет на денот на издавањето.

Секој учесник може да добие само една награда. Наградата не може да се замени ниту да се бара нејзина противвредност во пари или противвредност во наградни милји и не е пренослива на други лица.

8. Избор на добитниците и известување за добитниците / добитничките

На 6.10.2016 година, со случајно компјутерско извлекување организаторот на наградната игра ќе избере пет добитници во согласност со овие правила.

Доколку за награда е избран добитник, кој врз основа на овие Правила не ги исполнува условите за учесник во наградната игра или не ги исполнува условите за преземање на наградата, тогаш наградата не се доделува. Одлуката на организаторот е конечна.

Организаторот или техничкиот изведувач ќе го извести добитникот преку електронска пошта на адресата што добитникот ја дал при пријавувањето за наградната игра.

Листата на добитниците со име и презиме ќе биде објавена на веб-сајтот на Adria Airways најдоцна 5 дена по изборот на добитниците. Сите учесници во наградната игра со учеството во наградната игра изречно и неотповикливо се согласуваат со објавувањето на податоците наведени на веб-сајтот. Добитниците ќе бидат известени за наградата и за условите за користење и преку електронска пошта најдоцна за 7 дена по извлекувањето.

Врз основа на овие Правила не е можна жалба за ставање на листата на добитници.

Резултатите од извлекувањето се конечни. Жалбата не е можна.

9. Преземање на наградата

Услов за добивање на наградата е учесниците да се согласуваат со овие Правила и да ги исполнуваат условите за учество во наградната игра.

Наградата се доделува односно презема во договор со организаторот.

Организаторот и техничкиот изведувач го задржуваат правото да не ја доделат наградата ако:

  • добитникот не ги исполнува условите за преземање на наградата,
  • се утврди дека корисникот учествувал во играта спротивно на правилата и условите на наградната игра,
  • добитникот не ги даде својата адреса и бараните податоци (име, презиме, адреса, даночен број и други потребни податоци) преку електронска пошта во рок од 5 работни дена од приемот на известувањето,
  • добитникот без оправдана причина не ја преземе наградата на одредениот датум.

10. Одрекување одговорност

Организаторот и техничкиот изведувач не преземаат никаква одговорност за:

  • нефункционирање на апликацијата на веб-сајтот и/или самиот веб-сајт и за последиците од нефункционирањето, без оглед на причините за нефункционирање.
  • какви било последици што учесникот би ги претрпел поради учеството во наградната игра на кои организаторот или техничкиот изведувач немаат влијание.

11. Обврски на добитниците во врска со преземањето на наградата

Ако добитникот не ги исполнува условите за преземање на наградата утврдени со овие Правила или го одбие примањето на наградата или не ја преземе наградата во рок од 7 дена од датумот на добивање на наградата или на време не ги даде потребните податоци во рок од 5 дена после известувањето, тогаш се смета дека не сака да ја прими наградата и организаторот како и техничкиот изведувач немаат никакви обврски во однос на добитникот. Во случај кога учесник ќе го изгуби правото на наградата, организаторот ќе одлучи дали ќе ја додели наградата на некој друг.

Со согласувањето со правилата на наградната игра и со преземањето на наградата, добитникот се согласува и со објавување негова фотографија и/или податоци во медиумите на друштвото Adria Airways.

12. Заштита на личните податоци

Сите лични податоци добиени од учесниците во наградната игра се заштитени во согласност со член 12 и со општите акти на организаторот на наградната игра од областа на заштита на лични податоци и согласно со законот за заштита на личните податоци (ZVOP-1).

Учесниците во наградната игра изречно се согласуваат дека организаторот на наградната игра ќе ги употреби нивните лични податоци дадени од страна на учесниците во рамките за учество во наградната игра, за потребите на наградната игра и за своите маркетиншки активности (известување за производи, услуги, наградни игри, избирање, анкетирање и статистичка обработка на податоците, приспособување на понудата и сегментацијата, за истражување на пазарот, известување за новости, настани и погодности, како и за испраќање е-вести и други рекламни материјали)

Добитникот изречно му дозволува на организаторот на наградната игра да ги објави неговите лични податоци во средствата за јавно информирање и на Интернет со цел да извести за резултатите од извлекувањето односно преземањето на наградата.

Организаторот нема да ги чува и да ги употребува личните податоци на примателите на разгледниците што ги имаат внесено испраќачите за никаква друга намена освен за испраќање на разгледниците.

13. Пристап до правилата на наградната игра

Правилата на наградната игра се објавени на веб-сајтот на Adria Airways и во секое време се достапни за увид на сите учесници.

14. Останати одредби

Организаторот нема да ги земе предвид задоцнетите пријави и нецелосно или неправилно пополнетите пријави за наградната игра. Одлуките на организаторот и техничкиот изведувач на наградната игра за сите прашања во врска со наградната игра се конечни и важат за сите учесници.

Организаторот на наградната игра и техничкиот изведувач го задржуваат правото да ги променат овие Правила ако е тоа потребно од правни, технички или комерцијални причини. За сите евентуални промени на овие Правила учесниците ќе бидат известени со известување на веб-сајтот на Adria Airways. Продолжувањето со учеството во наградната игра по објавувањето на евентуалните промени на правилата се смета за прифаќање и согласност со промените.

За сите прашања кои може да се појават во врска со наградната игра, а кои не се уредени со овие правила, за давање толкување според правилата надлежна е тричлена комисија на организаторот која се грижи и за изведувањето и го надгледува текот на наградната игра. Нејзиното толкување е конечно и против него не е можна жалба.

Одлуките на организаторот во согласност со правилата за изведување на наградната игра се конечни и обврзувачки за сите учесници.

Овие правила почнуваат да важат од денот на донесување: 8.8.2016

Организатор на наградната игра:

Adria Airways d.d.